• четврток, 26 декември 2024

Во Италија почина стотиот лекар

Во Италија почина стотиот лекар
Рим, 9 април 2020 (МИА) – Од Ковид-19 во Италија досега починаа сто лекари, соопшти здружението на лекари. Последната жртва е 62-годишна лекарка по семејна медицина од мал град во покраината Венето. Италија има најголем број на жртви од новиот коронавирус во светот, а медицинскиот персонал во болниците и надвор од нив страда поради недостиг на заштитна опрема како што се ракавици и заштитни маски за лице. јт/

Остани поврзан