• среда, 25 декември 2024

Во Италија основана првата фабрика за производство на брашно од инсекти

Во Италија основана првата фабрика за производство на брашно од инсекти

Рим, 30 јануари 2024 (МИА) - Првата италијанска фабрика за брашно од инсекти е отворена во регионот Марке во централна Италија, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.

Хосе Франческо Џани, извршен директор на Nutrinsect, за државната агенција АНСА изјави дека со ова „се отвора ново поглавје во историјата на прехранбената индустрија“.

Тој го покани и Лолобриџида, која се залага за забрана на брашно од инсекти во Италија, „да дојде и самиот да се увери колку е тоа здраво и хранливо“.

Во Службениот весник од 29 декември, беше објавено правило кое дозволува брашно направено од штурци, ларви од Tenebrio molitor (брашнаст црв) и ларвите на сјајната црна пченична мувла (Alphitobius diaperinus) во Италија. ссм/

 

Остани поврзан