• сабота, 28 декември 2024

Во Италија одбележан Националниот ден на сеќавање на жртвите од коронавирус

Во Италија одбележан Националниот ден на сеќавање на жртвите од коронавирус
Рим, 18 март 2021 (МИА) - Во Италија денеска, со спуштање на знамето на половина копје и едноминутно молчење, им беше оддадена почит на жртвите од пандемијата на коронавирусот.
Премиерот Марио Драги положи венец на гробиштата во Бергамо, по повод годишнината од пандемијата во која починаа 100.000 луѓе.
Тој отвори и меморијален парк во Бергамо, за кој рече дека не е само знак на сеќавање на огромниот број жртви, туку и „симбол на страдањето на целата нација“.
Денот на сеќавање на жртвите од коронавирус се одбележува кога поголем дел од Италија, вклучително и Бергамо, е под нова блокада, а училиштата и рестораните се затворени поради новиот бран инфекција и забавената вакцинација поради забрана за употреба на вакцината на „АстраЗенека“. Во Италија од Ковид-19 починаа повеќе од 103.000 луѓе, што ја прави шестата најсмртоносна земја во светот и втора по големина во Европа, по Велика Британија. паг/  

Остани поврзан