• недела, 24 ноември 2024

Во Исланд евакуирани планинари кои дошле да гледаат вулкан

Во Исланд евакуирани планинари кои дошле да гледаат вулкан
Рејкјавик, 6 април 2021 (МИА) – Од исландскиот вулкан што се активира минатиот месец почнале да излегуваат пареа и лава по што се евакуирани стотици планинари. Хеликоптер за набљудување забележал нова пукнатина од која излегува лава и е долга околу 500 метри, а се наоѓа на околу еден километар од местото каде што се случи ерупцијата во долината Гелдинга. Исландското Министерство за вонредни ситуации нареди итна евакуација на областа, но потенцираше дека нема опасност по животот на луѓето бидејќи е далеку од популарните пешачки патеки. Исландската метеоролошка служба соопшти дека вулканската активност не би требало да ги оштети патиштата околу блискиот аеродром во градот Кефлавик. Вулканот долго време беше во мирување, а потоа се активира на 20 март, на што му претходеа неколку десетици илјади земјотреси, и ова е прва ерупција во таа област по 800 години. Вулканот се наоѓа во близина на главниот град на Исланд, Рејкјавик, на околу 32 километри, а поради ерупцијата, во областа дошле околу 30.000 туристи, дури и во време кога целиот свет, вклучително и Исланд, се бори со пандемија на Ковид-19. јт/

Остани поврзан