• среда, 25 март 2026

Во Иран уапсени неколку лица за  соработка со Израел и САД

Во Иран уапсени неколку лица за  соработка со Израел и САД

Техеран, 12 март 2026 (МИА) – Иранските медиуми денеска известуваат за апсења на неколку лица во земјата за кои се тврди дека се поврзани со САД и Израел, пишува Ал Џезира.

Шест лица се уапсени во покраината Керман по дојави од граѓани и разузнавачка работа, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на покраинската администрација на разузнавачката служба.

Агенцијата наведува дека групата била идентификувана како учесник во палењето автомобили и имот за време на протестите во јануари и дека наводно планирала понатамошни немири. Во истата покраина е уапсен уште еден маж, за кого официјалните лица тврдат дека планирал вооружен напад.

Во Хорамабад, во покраината Лорестан, полицијата објави дека уапсила лице за кое смета дека е поврзано со Мосад и дека од неговиот дом запленила електронска опрема и комуникациски уреди.сд/ми/

Фото:ЕПА

Остани поврзан