• четврток, 26 декември 2024

Во Ирак ослободени четворица киднапирани хуманитарни работници

Во Ирак ослободени четворица киднапирани хуманитарни работници
Париз, 27 март 2020 (МИА) - Четворица претставници на француска хуманитарна организација, кои беа киднапирани на 20 јануари во Ирак, денеска се ослободени, соопшти Елисејска палата. Во соопштението се наведува дека Елисејската палата вложила максимални напори за ослободување на тројца француски државјани и еден Ирачанец, кои работеле за хуманитарната организација „Кришчан чарити“. - Претседателот на Републиката (Еманнуел Макрон) изразува благодарност до ирачките власти за соработката, се посочува во соопштението. ми/

Остани поврзан