• четврток, 19 декември 2024

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

Њу Делхи, 19 април 2024 (МИА) - Во Индија денеска почнаа парламентарните избори, каде право на глас имаат 968 милиони Индијци, што е повеќе од вкупното население на САД, Европската Унија и Русија заедно.

Изборите за 543 членови на Долниот дом на парламентот ќе се одржат во седум фази до 1 јуни на повеќе од еден милион избирачки места низ земјата. Гласачките ливчиња ќе се пребројуваат на 4 јуни, а резултатите ќе бидат објавени истиот ден.

Победата на премиерот Нарендра Моди на изборите изгледа речиси сигурна. Седумдесет и тригодишниот Моди е сè уште многу популарен по два мандати на власт, за време на кои Индија ја зголеми дипломатската моќ и економската положба.

Анкетата спроведена во 2023 година покажа дека Моди е прифатлив кандидат за речиси 80 отсто од Индијците. На изборите во 2014 и 2019 година, тој веќе и донесе две убедливи победи на хинду националистичката партија Бхаратија Џаната. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан