• петок, 27 декември 2024

Во Индија најмалку 76 луѓе загинаа од удар на громови

Во Индија најмалку 76 луѓе загинаа од удар на громови
Њу Делхи, 12 јули 2021 (МИА) - За време на викендот од удар на громови во Индија загинаа 76 луѓе. Жртви се регистрирани во сојузните држави Раџастан, Утар Прадеш и Мадхја Прадеш. Најголем број загинати - 23 има во северозападната индиска сојузна држава Раџастан. Десетина загинале додека ја набљудувале бурата над градот Џајпур од кулите во близина на тврдината Амбер од 12 век. Во соседната држава Утар Прадеш, која е најнаселена држава во Индија, загинаа најмалку 42 луѓе од удари на гром во саботата и во неделата. Уште 11 луѓе загинаа во централната држава Мадхја Прадеш за време на викендот. Премиерот на Индија, Нарендра Моди изјави дека на семејствата на жртвите ќе им биде исплатена парична помош. Во Индија секоја година од громови страдаат стотици луѓе. Во 2019 година од громови загинале речиси 2.900 луѓе. ми/

Остани поврзан