• недела, 28 јули 2024

Во Индија евакуирани над 1,1 милиони луѓе поради циклонот Јас

Во Индија евакуирани над 1,1 милиони луѓе поради циклонот Јас

Њу Делхи, 26 мај 2021 (МИА) - Повеќе од 1,1 милиони луѓе се евакуирани од област на западниот брег на Индија пред налет на циклонот Јас.

Циклонот Јас се очекува да го погоди индискиот брег денеска околу пладне по локално време. Повеќе од илјада спасувачи се во состојба на готовност.

Во невремето и обилниот дожд загинаа две лица и уништени се домови во индиските сојузни држави Одиша и Западен Бенгал.

Според индиските метеоролози ветерот достигнува брзина до 155 километри на час. Поради циклонот Јас привремено се стопирани воздушниот и железничкиот сообраќај.

Најмалку 155 луѓе загинаа минатата недела во налет на циклонот Тауктае во западниот дел на Индија. ми/

Остани поврзан