• петок, 27 декември 2024

Во имунизацијата ќе се вклучат и работниците во приватниот сектор

Во имунизацијата ќе се вклучат и работниците во приватниот сектор
Штип, 11 мај 2021 (МИА) - Во штипскиот регионален пункт се имунизира населението од штипскиот и струмичкиот регион над 60 години. Старосната граница е спуштена од вчера. Дијана Коцева Миланова вели дека во имнузацијата се вклучени и хронично болните од двата региони, како и вработените во критичната инфраструктура. Од денеска, како што нагласува, се прават напори да се имунизираат и работниците во приватниот сектор.
-Правиме напори да се вклучат и приватните фирми во процесот на вакцинација, посебно од текстилната индустрија која е една од водечките во Штип, вели Коцева-Миланова.
Компаниите треба да си направат списоци, кои од вработените сакаат доброволно да се имунизираат против Ковид-19. Списоците треба да ги достават до Здравствените домови, по што ќе добијат термин, кога да се јават на вакционалниот пункт и да застанат во редот за имунизација. Процесот ќе зависи и од тоа колку од вработените во приватниот сектор се пријавиле на апликацијата за вакцинација.
На штипскиот регионален пункт дневно се имунизираат над 1.500 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион. Во текот на вчерашниот ден на пунктот се пристигнати 5.000 вакцини, а денеска уште 2.000. Инаку со овие вакцини се вакцинираат и граѓани над 70 години во матичните општини. Граѓаните над 60 години и хронично болните се информираат преку матичните лекари или се пријавуваат на апликацијата на министерството за здравство. вдј/сст/

Остани поврзан