Во израелски воздушни напади загинаа осум лица во Појасот Газа
- Палестински претставник, пак, рече дека израелската забрана за внесување гориво ќе го спречи работењето на десетици бунари ширум јужниот град Рафа, со што ќе се намали снабдувањето со вода за пиење

Каиро, 15 март 2025 (МИА) - Палестинските лекари велат дека во израелските воздушни напади врз северниот град Бејт Лахија, во Појасот Газа, денеска загинале најмалку осум лица, вклучително и локалниот репортер, Махмуд Ислам, кој управувал со дрон.
Палестински претставник, пак, рече дека израелската забрана за внесување гориво ќе го спречи работењето на десетици бунари ширум јужниот град Рафа, со што ќе се намали снабдувањето со вода за пиење.сд/
фото:МИА архива