• четврток, 09 јануари 2025

Во израелски воздушни напади во Газа загинаа најмалку пет лица, меѓу кои две бебиња

Во израелски воздушни напади во Газа загинаа најмалку пет лица, меѓу кои две бебиња

Газа, 8 јануари 2025 (МИА) - Во израелските воздушни напади загинаа најмалку пет лица во Газа, вклучително и две бебиња, објавија денеска палестинските здравствени власти.

Еден проектил погоди куќа во централниот град Деир ал Балах, при што загинаа двајца мажи и една жена, соопшти болницата Ал Акса.

Болницата објави дека го примила и телото на четиримесечното момче кое беше убиено во напад на неговата семејна куќа во блискиот бегалски камп Буреиј.

Во градот Газа тринеделно бебе е убиено во воздушен напад на куќа во населбата Шеик Радван, соопшти Министерството за здравство, кое е под контрола на Хамас.

Израелската војска тврди дека е насочена само кон милитантите, кои ги обвинува дека се кријат меѓу цивилите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан