• сабота, 23 ноември 2024

Во израелските напади во Либан денеска загинаа 38 лица

Во израелските напади во Либан денеска загинаа 38 лица

Бејрут, 10 ноември 2024 (МИА) – Најмалку 38 лица загинаа денеска во израелски напади во Либан, вклучително и 23 во напад врз град северно од Бејрут, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Израел, кој е во отворена војна против Хезболах од 23 септември, во последните денови ги интензивираше нападите врз упориштата на либанското исламистичко движење, особено во јужните предградија на Бејрут и во јужниот и источниот дел на Либан.

Во нападот „на израелскиот непријател на Алмати, во областа Џбеил, загинаа 23 лица, од кои седум деца, а шест се повредени“, соопшти Министерството, додавајќи дека се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

Целта била куќа во која член на Хезболах дошол да посети раселени луѓе, изјавил извор од безбедносните сили, прецизирајќи дека членот на Хезболах е убиен.

Израелската армија повеќе пати гаѓала станбени згради во кои, според либанските медиуми, понекогаш меѓу раселените се сместени луѓе поврзани со Хезболах.

Во друг напад во источниот дел на Либан, денеска во израелски напади загинаа 12 лица, соопшти либанското министерство.

Како поддршка на Хамас во Појасот Газа, Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно пукајќи кон израелската територија од јужен Либан. На 23 септември тоа се претвори во отворена војна со интензивни израелски напади, главно против упоришта на либанското движење. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан