Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
- Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.
![Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила](https://new.mia.mk/index.php/images/20240429105555_big_730x400_15.webp )
Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.
- Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук. бак/са/
Фото: ЗОО Скопје