• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Звечан нападната екипа на РТК

Во Звечан нападната екипа на РТК

Приштина, 15 јуни 2023 (МИА) – Косовската радио-телевизија (РТК) објави дека во Звечан била нападната нејзина екипа што известувала од овој град на северот на Косово.

Косовскиот Јавниот сервис објави видео на кое се гледа дека е демолирано возило на РТК и дека се нападнати новинар и снимател на таа телевизија.

Тоа е прв напад по неколку дена, откако претходно, од почетокот на протестот во Звечан пред 18 дена, имаше најмалку десетина напади врз претставници на медиумите. ми/

фото: РТК

Остани поврзан