• недела, 24 ноември 2024

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Општина Илинден информира дека интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населбата Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Како што соопштија од општинската прес-служба, покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од економската зона Ограѓа, како и новото основно училиште. Градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски денеска при извршениот увид на градежните активности истакна дека изградбата на фекална канализација и пречистителни станици е главен приоритет во работењето на локалната самоуправа и затоа неговата заложба ќе биде да се опфатат поголем број домаќинства и јавни општински и стопански субјекти со фекална канализација. - На овој начин ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните како и директно ќе се влијае во унапредување и заштита на животната средина. Овие пречистителни станици претставуваат модуларен систем и истите можат да се надградуваат согласно потребите и капацитетите за домаќинства, лесно се одржливи, даваат висок квалитет на пречистена отпадна вода и имаат мала потрошувачка на електрична енергија, посочил Георгиевски. фф/бак/

Остани поврзан