• среда, 18 декември 2024

Во Завод и музеј Битола отворена мултисензорна изложба „Уметност и архитектура во 2Д и 3Д“

Во Завод и музеј Битола отворена мултисензорна изложба „Уметност и архитектура во 2Д и 3Д“

Битола, 16 ноември 2023 (МИА) - Во битолскиот Музеј отворена е изложба на која се презентирани 20 тактилни предмети, изработени од месинг, инспирирани од експонати од битолскиот Музеј и битолската архитектура.

- На предметите поставени се НФЦ (NFC) тагови, кои со допир со паметни телефони водат до аудио описи-нарации и видеа на знаковен јазик, истакна д-р Ирена Ружин, раководителка на изложбата.

-Во овој мултисензорен проект е вклучена голема екипа, која со љубов, стручност и посветеност секоја година подготвува некоја новост во насока на подобрување на пристапноста и инклузијата на културното наследство. Изработката на тактилни предмети ја направија Кирче Арсовски и Татјана Асовска, тактилни цртежи и НФЦ тагови се на м-р Јове Парговски, м-р Моника Нолева, потоа тактилни цртежи, наратор Силвана Петрова Насух, текстови на Браево писмо - Андријана Шокларовска, интерпретатор на знаковен јазик Катерина Шаркоска, аудио материјал Михаил Марковски Студио Гимел, камера Александар Ристевски, текстовите се на Ефросинија Паревска, Владо Ѓорески, Лилјана Христова, м-р Јове Парговски, а техничко опремување го направија Кочови, соопшти Ружин.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и наскоро ќе биде претставена во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, збогатена со тактилни слики и тестови и аудио нарации на хрватски јазик, подготвени за лицата со попреченост од Хрватска. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан