• четврток, 26 декември 2024

Во ЕУ се покриени само 10 проценти од побарувачката за медицинска опрема

Во ЕУ се покриени само 10 проценти од побарувачката за медицинска опрема

Париз, 25 март 2020 (МИА) - Нормалните капацитети на земјите членки на Европската унија можат да задоволат само 10 отсто од побарувачката за заштитна опрема и други медицински помагала како што се вештачки респиратори, јави дописникот на МИА.

Побараувачката за заштитна опрема и медицински помагала нагло се зголеми поради пандемијата на коронавирусот, се вели во интерен документ на Европската Комисија.

Според проценките на Комисијата, „традиционалните синџири на снабдување можат да задоволат само околу 10 отсто од побарувачката“. Во овој документ, Комисијата додава дека „достапноста и испораката на лична заштитна опрема и други медицински помагала, особено вештачки респиратори, останува загрижувачка низ цела Европа“.

Повеќето земји-членки, вели извршната власт на ЕУ, имаат ограничени резерви и ограничена можност за забрзување на производството. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан