• четврток, 26 декември 2024

Во европскиот фронт има место и за партијата на Аријанит Хоџа и другите партии, вели Османи

Во европскиот фронт има место и за партијата на Аријанит Хоџа и другите партии, вели Османи

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Сега е време кога секој треба да се позиционира, европскиот фронт е отворен за сите, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ Бујар Османи кој не сакаше да потврди дали се точни информациите дека се водат разговори за влез во Владата на партијата на Аријанит Хоџа Европска демократска партија.

- За такво конкретно нешто немам информации. Тоа што можам да кажам е дека идејата е да се промовира европскиот фронт. Никогаш како досега општеството не е поларизирано на Европа и антиевропа. Сега е време кога се кршат копјата, сега кога се поминува крстопатот е време секој да се позиционира. Секој да се позиционира. Затоа европскиот фронт е отворен за сите независно од политички партии врз основа на етничка припадност, идеолошка припадност или каква било друга припадност вон ЕУ, така што во европскиот фронт има место и за партијата на Аријанит Хоџа и другите партии што сметаат дека е сега време. После изјавата на Шарл Мишел веќе нема простор за какво било губење време, рече Османи на новинарско прашање на прес-конференција во МНР.  

За тоа дали ДУИ ќе отстапи дел од нивните места во Владата, тој рече дека одлуката за тоа ја носи партијата.

-Тоа треба да биде одлука на партијата. Навистина ние досега, јас не сум бил дел од разговори во коишто е разговарано на таа тема, така што не можам да потврдам, вели Османи.

Во моментов во Парламентот, партијата на Хоџа е претставена со еден пратеник, Бастри Бајрами кој дејствува како независен пратеник. вг/са/

 

Остани поврзан