• четврток, 26 декември 2024

Во Европската куќа Велес презентиран нацрт проектот за поставување вендинг машини за селекција на лименки и пластични шишиња

Во Европската куќа Велес презентиран нацрт проектот за поставување вендинг машини за селекција на лименки и пластични шишиња

Велес, 7 декември 2023 (МИА) - Од страна на стручен консултант, попладнево во Европската куќа во Велес беше презентирано идејното решение на предлог-проектот за поставување вендинг машини за селектирање пластични шишиња и лименки на подрачјето на Општина Велес.

Решението беше избрано од младите на Велес на претходно одржаната средба на средношколци, претставници на Локалниот младински совет на Општина Велес, волонтерите од Младинскиот центар Велес и младите членови од Здруженијата на граѓани со еколошки предзнак, Младите дефинираа неколку еко проблеми и еко идејни решенија, а потоа едногласно предложија и како приоритетно еко-решение за реализација решија да бидат набавени и поставени вендинг машини за собирање на отпад од пластични шишиња и лименки во Велес.Овој нивни предлог треба да го реализираат надлежните од Општина Велес.

Инаку Општина, денеска во Европската куќа во Велес го реализираше вториот настан во рамки на проектот на Агенцијата за млади и спорт за младинско учество и вклучување на младите во донесувањето одлуки на локално ниво во областа на животната средина и климатските промени, финансиски поддржан од Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

-Целта на проектот е подигнување на свеста кај младите за младинското учество и нивното вклучување во процесот на донесување одлуки на локално ниво, како во областа на животната средина, така и во други области за коишто се надлежни единиците на локалните самоуправи со доставување предлози, идеи и иницијативи и нивна реализација, појаснуваат од Општина Велес.

На денешната презентација во просториите на Европска куќа Велес присуствуваа претставници на Агенцијата за млади и спорт и УНИЦЕФ, младите кои беа вклучени во процесот на одлучување на еко-решение, членови на Советот на Општина Велес, членови на Локалниот младински совет, на Младинскиот центар, Здруженија на граѓани, како и претставници на општинската администрација коишто имаа можност да дадат забелешки и дополнувања на нацрт-проектот.

Покрај во Општина Велес, овој проект се реализира и во партнерските општини на Агенцијата за млади и спорт: во Општина Гевгелија и Општина Берово. ад/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан