• среда, 25 декември 2024

Во Дубаи почнуваат со работа кафулињата и рестораните

Во Дубаи почнуваат со работа кафулињата и рестораните
Дубаи, 23 април 2020 (МИА) - Властите на Дубаи одобрија од денеска да почнат да работат кафулињата, рестораните и трговските центри, но само со 30 отсто од капацитетот. Рестриктивните мерки остануваат во сила, па работното време на угостителските објекти и трговските центри е ограничено од пладне до 22 часот. Градските власти ја разгледуваат можноста од 26 април повторно да почне да работи и јавниот градски превоз, вклучувајќи го и метрото. Во Обединетите Арапски Емирати има повеќе од 8.200 потврдени случаи на коронавирусот. јт/

Остани поврзан