• среда, 25 декември 2024

Во државниот буџет на Албанија во 2023 година се слеале 6 милијарди евра или 12,3 отсто повеќе од претходната година

Во државниот буџет на Албанија во 2023 година се слеале 6 милијарди евра или 12,3 отсто повеќе од претходната година

Тирана, 19 февруари 2024 (МИА) – Државната каса на Албанија инкасирала 6 милијарди евра во текот на минатата година или 680 милиони евра повеќе споредено со претходната година.

– Во државниот буџет во 2023 година се слеани 643 милијарди леки или околу 6 милијарди евра. Податоците доставени од Министерството за финансии покажуваат дека Владата и општините инкасирале 680 милиони евра повеќе од 2022 година, што е зголемување од 12,3 отсто, јави Евроњуз Албанија.

Главното влијание за зголемување на приходите во буџетот го дале физичките лица преку плаќањата за осигурување и персонален данок. Од овие две ставки се собрани околу 330 милиони евра или речиси половина од зголемените приходи.

Во останатите ставки, приходите од данок на добивка од деловни активности се зголемени за 165 милиони евра; од данокот на плати со 125 милиони евра повеќе; од социјално и здравствено осигурување со 200 милиони и од ДДВ 105 милиони евра.

Даночните приходи и придонеси, за 12-те месеци од 2023 година, се остварени во висина од 99,7% со ревидираниот план кој се зголемува со нормативниот акт на буџетот, како и за 101% со првичниот план.

-Од друга страна општите јавни расходи за 2023 година достигнаа околу 6,5 милијарди евра со реализација од 96,6 отсто од планот. Во однос на 2022 година, општите јавни расходи се повисоки за 3,6 отсто или за 233 милиони евра повеќе, потврдува министерството за финансии.

Нивото на дефицит за 2023 година резултираше со 1,4% од БДП, наспроти 3,7% од БДП во 2022 година. вт/

Остани поврзан