• вторник, 24 декември 2024

Во Доха одржана погребна церемонија на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија

Во Доха одржана погребна церемонија на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија

Доха, 2 август 2024 (МИА) – По вчерашната погребна церемонија во Техеран, што ја предводеше иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, денеска во Доха беше одржана уште една церемонија за убиениот политички лидер на Хамас, Исмаил Ханија, на која  присуствуваа официјални претставници.

Погребот ќе биде извршен подоцна денеска во градот Лусаил, северно од катарскиот главен град.

На церемонијата присуствуваше Калед Машал, кој се очекува да биде новиот политички лидер на палестинската група, катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани, како и други претставници на Хамас.

Ковчегот на лидерот на Хамас беше обвиен со палестинско знаме во џамија во Доха, заедно со неговиот убиен телохранител.

-Нашата порака до окупацијата (Израел) денес е дека тонете длабоко во калта и дека вашиот крај е поблиску од кога било. Крвта на Ханија ќе промени сè, изјави претставникот на Хамас, Сами Абу Зухри, пренесоа британските медиуми.

Ханија беше убиен во средата, а Хамас и иранската Влада ветија одмазда против Израел, сметајќи дека Тел Авив е одговорен за убиството.сд/

Остани поврзан