• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Демир Капија се одржа завршна конференција „Здружени и гласни против насилство врз жените“

Во Демир Капија се одржа завршна конференција „Здружени и гласни против насилство врз жените“

Демир Капија, 2 април 2025 (МИА) - Насилството врз жените не смее повеќе да биде табу бидејќи жените се погласно алармираат за ваквите проблеми, иако и понатаму е потребно зголемување на свеста за препознавање и пријавување на насилството. Да не постои страв да се пријави насилството. Истовремено, стручни лица, освен со жртвите, да работат и со насилниците. Ова меѓу другото беше кажано на синоќешната завршна конференција во рамките на проектот „Здружени и гласни против насилство врз жените“, што го реализираше Организацијата на жени „Женско лоби“ од Демир Капија. 

Програмската раководителка во „Женско лоби“ Менче Николова за МИА појасни дека во рамки на активностите во изминатите неколку месеци формиран е и младински форум против насилство, во кој активно се вклучени млади девојки. Целта е, како што нагласи, од мали нозе да му се застане на патот на насилството. 

- Целта беше да се зголеми јавната свест за штетноста од родово базирано насилство и да се намалат случаите на насилство врз жените и девојките. На конференцијата ги презентиравме реализираните активности против насилство. Беа споделени предлози за идни заеднички активности на сите чинители кои се дел од мултисекторските тимови за превенција и справување со насилство. Работевме на територија на општините Демир Капија, Росоман, Градско, Неготино, сподели Николова. 

Меѓу другото, биле изработени  информативно-едукативна брошура, одржани едукативни предавања во училишта и работилница, улични акции за покренување на свеста. 

- Проектот се реализираше со хрватски финансиски средства, преку донаторот Екуменска Иницијатива на жени, Омиш - Р. Хрватска, додаде Николова. свд/мд/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан