• недела, 28 јули 2024

Во делчевското село Габрово се одржа хуманитарна забава за доизградба на дворното место во црквата ,,Св. Димитрија"

Во делчевското село Габрово се одржа хуманитарна забава за доизградба на дворното место во црквата ,,Св. Димитрија

Делчево, 1 август 2023 (МИА) - Седма година по ред во делчевското село Габрово денеска се одржа хуманитарна забава за доизградба на дворното место пред црквата „Св. Димитрија". Горан Анакиевски, еден од организаторите на настанот изрази задоволство од собраните донации кои ќе помогнат за реализација на нивната цел. 

-Црквата во село Габрово е целосно завршена. Останува да го средиме дворното место за што ја организираме оваа забава седма година по ред. Благодарност до сите кои дојдоа на забавата и со своите донации помогнаа тоа да го оствариме, рече Анакиевски.

Хуманитарната забава, што секогаш се организира во овој период од годината,  имаше иселенички карактер, бидејки август е период кога сите се враќаат во родните огништа.

- Без иселениците не правиме ништо, најголем дел од црквата е изградена благодарение на нивните донации овде, но и во Швајцарија, Германија Италија и други земји каде се иселени и каде организираат слични забави, велат посетители на хуманитарната забава.

Во рамки на настанот беше поставена кутија за донации, средства кои потоа ќе бидат наменети за доизградба на дворното место на црквата која го носи името на Свети Великомаченик Димитриј. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан