• сабота, 23 ноември 2024

Во Делчево се спроведе симулациска вежба за евакуација и спасување при пожар во училиште

Во Делчево се спроведе симулациска вежба за евакуација и спасување при пожар во училиште

Делчево, 21 октомври 2024 (МИА) - Во Делчево денеска се спроведе симулациона вежба за евакуација и спасување при настанување на  пожар во училиштето „Методи Митевски - Брицо". Активноста се реализираше согласно Годишната програма за работа на делчевската гимназија.

Директорката на училиштето Дијана Цонева истакна дека оваа вежба е исклучително важен дел од  процедурите за безбедност на училиштето и претставува основа за тоа како треба установата да реагира во вонредни ситуации. 

-Нашата цел е да ја провериме нашата подготвеност и да се осигуриме дека сите ученици и вработени ги разбираат своите улоги и одговорности при евакуација. Како што сите знаеме ,безбедноста е наш приоритет. Во вистинска вонредна ситуација, одговорната и брза евакуација може да спаси животи. Затоа, сите  треба да учествуваме сериозно и активно во оваа вежба, рече Цонева. 

Вежбата почна со иницирање на звучниот сигнал за пожар во училиштето, при што по претходно утврден редослед учениците и вработените ја напуштија училишната зграда. 

-Веднаш беше известена  ТППЕ Делчево, чија што екипа дојде за неколку минути, Црвен крст и Здравствениот дом „Гоце Делчев“. ТППЕ и Црвениот крст одржаа показна вежба за евакуација во случај на пожар каде се вклучени наши ученици - активисти на  Црвениот крст кои досега имале активно учество во  разни  видови на практична и теоретска едукација, додаде Цонева.

Од Територијалната противпожарна единица Делчево изразија задоволство од брзата реакција на установата, најавувајки дека во текот на годината вакви активности ќе бидат реализирани и со останатите воспитно-образовни установи од Делечво. вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан