• среда, 27 ноември 2024

Во Делчево конституиран вториот состав на Советот за социјална заштита

Во Делчево конституиран вториот состав на Советот за социјална заштита

Делчево, 7 декември 2023 (МИА) - Конституиран е Советот за социјална заштита на Општина Делчево, тело кое е формирано на последната Седница на Советот на Општина Делчево со мандат од четири години. Новото раководството на Советот за социјална заштита беше избрано со консензус, а за претседател на новиот Совет за социјална заштита е избрана професорката Весна Димитровска.

-Ова е втор состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево, откако на претходниот состав му истече мандатот. Надлежностите на Советот се во насока на подобрување на состојбата на ранливите категории граѓани, следење на состојбата, преземање локални мерки и активности на полето на социјалната заштита, се вели во објавата на Општина Делчево.

Во вториот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево, членови се претставници од Општина Делчево, ОВР Делчево, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална заштита, НВО-секторот и образовните институции и верските заедници.

-Освен претседателката Динитровска, за заменик-претседател е назначен Влатко Митев и Сузана Петровска за секретар на Советот. Во ова тело исто така освен  претставници на институциите и невладините организации, членуваат и претставник на Делчевско – Каменичка епархија, како и претставник на Исламска верска заедница Џамија „Фатих Мехмед II“ Делчево, додадоа од Општината.

Во наредниот период Советот за социјална заштита ќе се фокусира на изготвување на Социјален план за подрачјето на Општина Делчево, како и годишна програма за социјална заштита, која ја донесува Советот на Општина Делчево по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ. вс/мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан