• понеделник, 18 ноември 2024

Во Делчево и Македонска Каменица до 13 часот гласале над 6.000 граѓани

Во Делчево и Македонска Каменица до 13 часот гласале над 6.000 граѓани
Делчево, 17 октомври 2021 (МИА) - Во Делчево и Македонска Каменица без проблеми се одвива гласањето за Локалните избори. Зоран Иванов, заменик член во Општинската изборна комисија за МИА информираше дека до 13 часот во Делчево своето право на глас го оствариле 29,2 проценти од гласачите.
-Од вкупно запишаните избирачи 14.736, до 13 часот во Делчево гласале 4.301 лице. Што се однесува до самиот тек на гласањето, од изутрина имаше дел проблеми со УБИГ-от, но со интервенција на ИТ секторот, тие бргу беа надминати, така што сега за сега, проблеми немаме, рече Иванов.
Во Македонска Каменица од Општинската изборна комисија информираа дека вкупниот број на избирачи кои гласале до 14 часот изнесува 1.778 граѓани.
-Тоа значи дека од вкупниот број на избирачи, кој изнесува 6.735, до 13 часот гласале 26,42 проценти. Гласањето се одвива во фер и демокртакса атмосфера без проблеми, истакнаа од Општинската изборна комисија во Македонска Каменица.
Во Делчево гласањето се одвива на 36 избирачки места, додека во Македонска Каменица своето право на глас граѓаните можат да го остварат на 17 избирачки места. вс/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан