• понеделник, 23 декември 2024

Во Делчево започна дводневна работилница од прекуграничниот проект за градење капацитети на еко-системските услуги

Во Делчево започна дводневна работилница од прекуграничниот проект за градење капацитети на еко-системските услуги
Делчево, 4 јули 2021 (МИА) - Во Делчево започна дводневна работилница како дел од прекуграничниот проект за градење капацитети на еко-системските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони во Македонија и Бугарија. Проектниот координатор, Миран Митревски, истакна дека целта на проект како краен производ е да направиме стратегија на еко-системски услуги на Осоговските планини. - Еколошкото друштво веќе работи на стратегијата на Осоговските планини. Населението ќе добие насока како да ги користи еко-системските услуги бидејки нашите планини се богати со природни диви овошја, треви за чаеви, што од една страна ќе придонесе да се развие турзимот, а од друга страна за развивање на семејниот бизнис. Значи обуката во Делчево во овие два дена е токму во таа насока, како обука за користење на еко-системските услуги на Осоговските планини, а во понатамошната фаза планираме да направиме уште една стратегија за еко-туризам, рече Митревски. Фокусот на проектот, како што додаде, е основно на еко-системските услуги во заштитените територии во двете земји. - Општото кое треба да не обедини е поврзано со целите на проектот преку градење на капацитети во врска со стратегијата и добрите практики за искористување на материјалните добра како дел од самите еко-системи кои се вклучени во проектот. Ние од Институтот за шуми сме задоволни што ќе бидеме дел од проектот и се надеваме дека резултатите кои ќе ги добиеме ќе бидат од полза за сите, истакна претставниката на Шумарскиот институт од Република Бугарија. Во рамки на проектот предвидено е и изготвување на анализа на влијанието на климатските промени и употребата на земјиштето врз ресурсите и услугите на планинските екосистеми во прекуграничниот регион која се очекува да развие долгорочна стратегија за зајакнување на интеграцијата на концептот на еко-системски услуги во мрежата на заштитени области и територијален развој на планинските области. Водечки партнер во прекуграничниот проект е Агенција за локален економски развој - Разлог, со партнерство на Шумарски Институт - Бугарска академија на науките и еколошкото друштво Здравец 2002, Македонска Каменица. вс/ар/

Остани поврзан