• среда, 18 декември 2024

Во Делчево доделени наградите од литературниот конкурс „Аз, буки, веди - аманетот на словенските браќа Св. Кирил и Методиј“

Во Делчево доделени наградите од литературниот конкурс „Аз, буки, веди  - аманетот на словенските браќа Св. Кирил и Методиј“

Делчево, 29 мај 2024 (МИА) - Средношколката Сара Ангелова, и Клаудија Ивановска, ученичка од основно училиште, се добитнички на првите награди во категоријата средношколци, односно основци, на литературниот конкурс „Аз, буки, веди  - аманетот на словенските браќа Св. Кирил и Методиј”  што го спроведува Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево.

На денешното доелување на наградите, програмскиот директор на установата, Методи Толевски, информираше дека на конкурсот учествувале ученици од двете основни и Средното училиште во Делчево.

- Комисијата која одлучуваше околу изборот реши да ги награди најдобрите три творби во кагеторијата за ученици од средното училиште, како и најдобрите три творби за учениците од основните училишта. Им честитам на наградените и им посакувам уште повеќе награди преку учеството на вакви и слични конкурси, рече Толевски.

За менторот на наградените ученици, Маријана Стоименовска, беше посебна чест да се учествува на објавениот конкурс во чест на сесловенските просветители.

- Ние како ментори на нашите љубители на пишаниот збор навистина сме горди затоа што со своите творби покажаа дека треба да се сака мајчиниот јазик и аманетот на Св.Кирил и Методиј да не се заборави, додаде Стоименовска.

Комисијата која ги избра најдобрите творби беше составена од професори по македонски јазик од трите училишта. вс/ар/

Фото: МИА

Остани поврзан