• недела, 24 ноември 2024

Во Делчево доделени наградите од конкурсот Јазикот е мојата татковина

Во Делчево доделени наградите од конкурсот Јазикот е мојата татковина
Делчево, 18 февруари 2021 (МИА) - Во Делчево доделени наградите од литературниот конкурс „Јазикот е мојата татковина“. Конкурсот кој го организираше Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево е дел од одбележувањето на  Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 Февруари и истиот, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска, се реализираше во соработка со двете делчевски деветолетки.
-За реализирање на овој литературен конкурс ни пристигнаа творби и од двете основни училишта во градот. Сите творби беа прекрасни, но моравме да избереме три најдобри во проза и три најдобри поезии. Ќе ги споменам првонаградените Андреа Дмитровска и Ева Ивановска кои под менторство на нивните наставнички пратија твроби ко изаслужено ги понесоа првите награди, рече Петровска.
За првонаградените на конкурсот, самиот факт што имале прилика да пишуваат за мајчиниот јазик и љубовта кон татковината им претставувал дополнителен мотив да ги искажат своите чувства преку поезија и проза.
-Оваа тема „Јазикот е мојата татковина“ беше одлична инспирација за нас учениците. Оваа прилика ќе ја искористам да порачам до сите ученици да пишуваат, бидејки ние најмалите треба да продолжиме да го негуваме нашиот мајчин јазик, рече наградената Андреа Димитровска.
Јавната библиотека настанот го заврши со презентација на тема Мајчин јазик, на која беше потенцирано дека од страна на УНЕСКО, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик.вс/свс/

Остани поврзан