• среда, 18 декември 2024

Во Делчево гласаа 144 болни и изненоштени лица

Во Делчево гласаа 144 болни и изненоштени лица

Делчево, 23 април 2024 (МИА) - Од вкупно 160 болни и изненоштени лица со право на глас, во текот на денешните избори за претседател на државата во Делчево своето право на глас го оствариле 144 лица. 

Информацијата ја потврдија од Општинската изборна комисија во Делчево од каде истакнаа дека гласањето поминало без никакви проблеми.

Во Делчево утре ќе се гласа на 36 избирачки места, а своето право на глас ќе можат да го остварат 14.490 гласачи. вс/вг/


Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан