• среда, 27 ноември 2024

Во Делчево во тек е јавна анкета за креирање на општинскиот буџет

Во Делчево во тек е јавна анкета за креирање на општинскиот буџет
Делчево, 17 ноември 2020 (МИА) - Во Делчево во тек е јавна анкета за креирање на општинскиот буџет за 2021 година. Од општината информираат дека со пополнување на формулар на општинската веб-страна граѓаните активно можат да се вклучат во креирањето приоритети за реализација за 2021 година.
- Општина Делчево објави јавна анкета со цел одговорите на граѓаните да дадат насоки и предлози за креирање на буџетот на Општина Делчево за 2021 гoдина. Во рамки на анкетата граѓаните треба да пополнат краток формулар на со што директно учествуваат во креирањето на приоритетите и буџетот на Општина Делчево за 2021 година, посочуваат од општината.
Оттаму ги информираат граѓаните дека во тек е подготовката на предлог-програмите на Општина Делчево за 2021 година по одделенија и сектори.
- Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува граѓаните да доставуваат предлози во писмена форма или на официјалната е-адреса на општината. Паралелно информираме дека имајќи ја предвид состојбата со пандемијата, оваа година форумите за креирање на Буџетот и на програмите на Општина Делчево нема да се одржат, истакнаа од општината.
Во тој контекст, како што посочија, планирани се средби со претставници од месните и урбаните заедници во општината, како и зум-состанок на кој би се вклучиле сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладин сектор. За термините на одржување на овие средби од општината најавија дополнително известување до граѓаните. вс/фф/

Остани поврзан