• недела, 28 јули 2024

Во Делчево активности по повод Светската недела на детето

Во Делчево активности по повод Светската недела на детето
Делчево, 4 октомври 2022 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ - Делчево во соработка со Општина Делчево и Детската градинка „Весели цветови“ денеска реализираше активност по повод Светската недела на детето.
-По тој повод, денеска установата ја посетија над 120 дечиња заедно со нивните воспитувачки. Да им зборуваме за тоа како работи библиотеката се уште се мали, тоа го оставивме за некоја година подоцна кога искрено посакуваме и се надеваме дека овие дечиња ќе бидат наши членови, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на детето, како што додаде, на најмалите  им беше изложена детска литература и доделени пригодни подароци.
На средбата присуствуваше и градоначалникот општина Делчево, Горан Трајковски кој честитајки им ја Детската недела, потенцираше дека човештвото им должи на децата се најдобро што може да им се даде.
Детската недела се одбележува секоја година од 5 до 9 октомври, а во рамки на одбележувањето најавени се активности и со учениците од основните училишта. вс/дма/

Остани поврзан