Во декември 70,2 отсто од потрошената струја од домашно производство
- Лани во декември државава вкупно потрошила 789.741 мегават часови електрична енергија, 38,762 милиони нормални кубни метри природен гас, 379.630 тони јаглен и 92.282 тони нафтени продукти.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) – Лани во декември државава вкупно потрошила 789.741 мегават часови електрична енергија, 38,762 милиони нормални кубни метри природен гас, 379.630 тони јаглен и 92.282 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 70,2 отсто од потрошената електрична енергија во декември била од домашни извори, а 98,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја. вј/бак/
Фото: МИА архива