• петок, 27 декември 2024

Во декември СВР Тетово секојдневно времено одземало возачки и сообраќајни дозволи

Во декември СВР Тетово секојдневно времено одземало возачки и сообраќајни дозволи
Тетово, 8 јануари 2021 (МИА) - Анализата на сообраќајните прекршоци што во декември 2020 година ги направиле жителите на Тетовско и за кои СВР Тетово има изречено казни покажува дека барем еднаш дневно се одземени на одреден временски период возачки и сообраќајни дозволи. Возачки дозволи се одземаат за управување под дејство на алкохол, како и на возач-почетник кој не се придржувач до законски ограничувања. Сообраќајните дозволи се одземаат за технички неисправно возило, нетестирани или неправилно поставени фолии на стаклата од возилото и за истечена регистрација до и над 30 дена. - Во овој период времено биле одземени 30 возачки и 34 сообраќајни дозволи поради повеќе сообраќајни прекршоци, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Инаку, во декември минатата година, полицајците од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај вкупно откриле и законски санкционирале 1205 различни видови сообраќајни прекршоци. - Во редовни и акциски контролните активности, поради констатирани прекршоци, биле исклучени 69 возила. Најмногу од исклучените возила, 57 имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 11 била утврдена техничка неисправност и кај еден претовар. Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 164 возачи, кои управувале без возачка дозвола, под дејство на алкохол, возачи-почетници, со несоодветна категорија и со важечка забрана за управување, потенцира Јосифоски. Пајак-службата вкупно подигнала 174 непрописно и погрешно паркирани возила. ас/фф/

Остани поврзан