• четврток, 26 декември 2024

Во Дебар увид во избирачкиот список извршиле 120 граѓани

Во Дебар увид во избирачкиот список извршиле 120 граѓани

Дебар, 18 март 2024 (МИА) - Денеска во 24 часот завршува рокот за увид во избирачкиот список, а до попладнево тоа го сториле 120 граѓани  од општините Дебар и Центар Жупа.

- Увид во избирачкиот список за гласањето на претседателските и парламентарните избори до денеска попладне извршија 120 граѓани, главно проверка дали се во списокот.  Од нив 80 отсто се од општина Дебар, потврдија за МИА од Канцеларијата на ДИК во Дебар.

Додаваат дека до полноќ можно е да има уште десетина граѓани.

За време на траењето на јавниот увид, канцеларијата, која просторно е сместена во зградата на локалната самоуправа, беше отворена секој ден во периодот 8 до 20 часот, вклучително и деновите сабота и недела, како и за време на празници.

Во избирачкиот список за општина Дебар запишани се над 19 илјади, додека за соседната општина, Центар Жупа, над 7.200 граѓани со право на глас.

Имајќи ја предвид масовната миграција во овој крај реалната бројка на полнолетно резистентно население е многу помала. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан