• понеделник, 29 јули 2024

Во Дебар сè уште нема соoбраќајни налепници со новиот код НМК

Во Дебар сè уште нема соoбраќајни налепници со новиот код НМК

Дебар, 12 февруари 2024 (МИА) - Во станиците за технички преглед во Дебар денеска не е почнато поставувањето на сообраќајни налепници со новиот код НМК.

-Немаме добиено вакви налепници. Најавено е дека ќе ни пристигнат, но до 13:30 часот немаме. Има поголем број сопственици на возила кои доаѓаат и се враќаат,  велат од станиците за технички преглед.

Од полициски извори потврдуваат дека повеќе од сигурно е дека налепнците со кодот НМК ќе бидат дистрибуирани до утре, од кога ќе може да се ставаат на возилата. вт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан