• четврток, 26 декември 2024

Во Дебар продолжен конкурсот за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица

Во Дебар продолжен конкурсот за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица

Дебар, 12 јули 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Дебар информираше дека е продолжен рокот за пријавување за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица, за што конкурс беше објавен врз основа на верификувана посебна програма.

- Рокот за пријавување на конкурсот е продолжен. Сметавме дека дел од населението е на годишни одмори, па да му дадеме можност на секој кој е заинтересиран да се пријави. За Дебар ќе бидат ангажирани 15 лица, кои претходно ќе бидат повикани на индивидуално интервју, рече за МИА Исни Телќиу, секретар на организацијата.

Додава дека избраните кандидати/ки ќе минат соодветна обука од 250 часови, која ќе ја одржуваат лекар, медицинска сестра и социјален работник, секој ден освен недела, по што ќе се здобијат со верификуван сертификат.

-Оваа исклучително важна активност е во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од Министерство за труд и социјална политика на Австрија и во соработка со Црвен крст на оваа земја, посочува тој.

Потсетува дека кандидатите треба да се државјани на Северна Македонија, да се постари од 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, завршено минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисот за нега во домашни услови.

Обуката е бесплатна, а предност ќе имаат невработени лица и лица од ранливи категории, кои можат да се пријават на е-маил: debar@redcross.org.mk и на телефон 071/223-990 или директно во просториите на општинската организација. вт/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан