• недела, 24 ноември 2024

Во Дебар повторно најсреќен Павел Ангеловски

Во Дебар повторно најсреќен Павел Ангеловски

Дебар, 19 јануари 2024 (МИА) - Во Дебар најсреќен беше деветгодишниот Павел Ангеловски, кој и минатата година го фати светиот крст, положен во водата на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде е и седиштето на Дебарската парохија.

- Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.

По светиот крст се фрлија Павел и Дарко Блажевски.

Годинашните кумови, семејството на Љупчо и Татјана Узуновски, соодветно го даруваа и Павел и верниците.

Пред положувањето на светиот крст, намесникот на Дебарската парохија Миле Ангеловски, отслужи Света Златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани кои денес живеат во други градови во земјава. 

Големиот христијански празник, Богојавление - Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион. По повод Водици, дојдени се поранешни жители и нивните потомци. По празнувањето посебно се препознатливи селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани. вт/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан