• четврток, 26 декември 2024

Во Дебар од 24 до 30 септември фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Дебар од 24 до 30 септември фестивалот „Албански театар во Македонија“

Дебар, 19 септември 2023 (МИА) - Од 24 до 30 септември во Националната установа Центар за култура во Дебар ќе се одржи 22 издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Според директорот на фестивалот Илбер Нуредини, на оваа традиционална манифестација, која редовно се одржува во Дебар, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Северна Македонија, Косово и од Албанија.

-Фестивалот свечено ќе го отвори градоначалникот Хекуран Дака на 24 овој месец во 19:30 часот а први пред дебарската публика ќе се претстави членовите на албанскиот театар од Куманово, со претставата „Лет над албанскиот тетар“ во режија на Ерсон Зимберај. Следните денови ќе настапат тетарот од Тетово, „Ода“ од Приштина, Албански тетар-Скопје, театарот од Гостивар. На 28 септември како почесна претстава љубителите на театарската уметност ќе ја проследат претставта „Прст“ на авторката Дорунтина Баша а во изведба на Факултетот за драмска уметност-Скопје, рече Нуредини.

На последната фестивалска вечер ќе биде изведена претставата „Се продава еден мртовец“ во изведба на театарот „Независна театарска сцена“ од Тирана, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, најдобара режија, актер и актерка.

-Голема благодарсност до македонското министерство за култура, кое годинава ни додели 900 илјади денари и секако општина Дебар, која оваа значајна манифестација ја поддржува со 370 илјади денари. Секако, благодарност и до другите донатори. И во оваа прилика сакам да го повторам барањето за институционализирање на фестивалот, што со години наназад го поставуваме. Очекувам конечно тоа да биде реализирано, посочува Нуредини, за МИА.

Објавувајќи ја одлуката дека и годинава локалната власт ја поддржува финасиски манифестацијата, градоначалникот Дука, им посака успех на организаторите и театарските трупи, нагласувајќи дека општината и во иднина ќе дава поддршка во рамки на зацртаната програма за спортски и културни настани. вт/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан