Во Дебар одбележан Денот на албанската азбука
- Во Дебар традиционално беше одбележан Денот на албанската азбука, 22 ноември.
Дебар, 22 ноември 2024 (МИА) - Во Дебар традиционално беше одбележан Денот на албанската азбука, 22 ноември.
Градоначалникот Хекурам Дука оствари средба со раководствата на образовните интстититуции, на која ја пренесе определбата на локaлната власт, во подобрување на условите за нормално одвивање на наставниот процес.
Потоа положи свежо цвеќе на споменикот на азбуката, каде се и бистите на албанските преродбеници, Саид Најдени и Јосиф Багери, кои се наоѓаат во центарот на градот.
На денешен ден пред 116 години, рече тој, на Битолскиот конгрес е унифицирана албанската азбука, со која се „идентификуваме како нација, како народ. Ова е историски ден за Албанците каде и да се“.
-Денес ние како народ сме горди затоа што успеавме да обезбедиме албанскиот јазик и неговото писмо да бидат заштитени со закон и неговата употреба во Република Северна Македонија. Денеска имаме 3 универзитети на албански јазик, кои се во служба на албанскиот народ во државава, каде секоја година се појавуваат нови генерации кои се способни да бидат на услуга на народот. Честит денот на азбуката, честити ноемвриски празници на Албанците каде и да се, посака Дука.
Заедно со градоначалникот почит оддадоа и претседателот на Советот на општината Фуат Спахиу, директорот на дветолетката „Пенестија“, Ајет Мулареџа, како и членови од општискиот совет.
Денот на албанската азбука преку објави на Фејсбук го честитаа и градоначалниците Медат Куртовски, на општина Маврово и Ростуше и Аријан Ибраим на општина Центар Жупа. вт/дма/
Фото: МИА