• сабота, 23 ноември 2024

Во Дебар одбележан Денот на албанската азбука

Во Дебар одбележан Денот на албанската азбука
Дебар, 22 ноември 2022 (МИА) - Денот на албанската азбука, 22 ноември беше одбележан во Дебар, со што почнаа планираните активности во рамки на „Неделата на ноемвриските празнувања“, што се одржува во организација на друштвото на историчарите, со поддршка од локалната власт. Градоначалникот Хекурам Дука положи свежо цвеќе на споменикот на азбуката и на бистите на албанските преродбеници, Саид Најдени и Јосиф Багери, кои се наоѓаат во центарот на градот. - Искрени и од срце честитки по повод денешниот многу значаен, историски ден за албанската нација, кога пред 114 години на Битолскиот конгрес е унифицирана албанската азбука, со која се идентификуваме како нација, како народ. До 22 ноември 1908 година нашиот народ користел туѓи азбуки, грчка, арапска, турска. Од тогаш ние ја користиме оваа азбука, на која е напишана и повелбата за независност на албанската држава во 1912 година. Денес во Северна Македонија имаме три универзитети на албански јазик, каде се образуваат генерации кои се во служба на нацијата и на општеството, рече меѓу другото Дука. Заедно со градоначалникот почит оддадоа и директорите на општински основни училишта во градот, претседателот на Советот на општината Фуат Спахиу, советници, претставници од секторот за општествени дејности на општината и граѓани на Дебар. [caption id="attachment_1805721" align="aligncenter" width="720"]RemasterDirector_5122f8b34 RemasterDirector_5122f8b34[/caption] Пред присутните за значењето на Денот зборуваа и претставници на друштвото на историчари. Денот на албанската азбука преку објави на фејсбук го честитаа и градоначалниците Медат Куртовски, на општина Маврово и Ростуше и Аријан Ибраим на општина Центар Жупа. Во основното општинско учлиште „Саит Најдени“ под мотото „Традициите се богатство“, учениците и нивните наставници, со голема посветеност успеаја да го создадат катчето „Традиционална одаја“ во просториите на училиштето, кое има за цел да ја разбуди љубовта кон културата и националното наследство. вт/цр

Остани поврзан