• среда, 25 декември 2024

Во Дебар и Центар Жупа до попладневно пријавени за гласање 18 болни и изнемоштени лица

Во Дебар и Центар Жупа до попладневно пријавени за гласање 18 болни и изнемоштени лица

Дебар, 30 април 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа до 17 часот, за остварување на правото на глас, за парламентарните избори, се пријавиле 18 болни и изнемоштени лица.

-Во општина Дебар до 17 часот доставени се 15 барања од болни и изнемоштени лица. Рокот, како што е познато истекува вечерва на полноќ. За првиот круг од претседателските избори во домашни услови требаше да гласаат 32 лица, но поради разни причини гласаа 29, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.

Во соседната општина, Центар Жупа, пријавени се три лица.

-За гласање во својот дом, до доцна попладнево имаме добиено три барања. За првиот круг од претседателските избори беа пријавени пет болни и изнемоштени лица, беа прифатени сите, но, гласаа три лица, причина за негласање на едно од нив е смрт, рече за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК.

Според изборниот законик пријавувањето во Општинските изборни комисии се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.

Болните и немоќните, како и затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови ќе гласаат ден пред изборите односно на 7 мај. вт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан