• недела, 24 ноември 2024

Во Дебар заврши програмата на ЕУ и Советот на Европа - РОМАКТЕД

Во Дебар заврши програмата на ЕУ и Советот на Европа - РОМАКТЕД

Дебар, 26 јануари 2024 (МИА) – Успешно заврши заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа РОМАКТЕД – втора фаза, објави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, по средбата одржана со просветните работници кои беа дел од овој проект.

Додава дека разговарале за резултатите од оваа активност од кои може да бидат задоволни.

- Општина Дебар ја реализира активноста „Целосно образование за деца Роми од второ до четврто одделение“, со цел подобрување на квалитетот на образованието на децата Роми во основното образование, кои беа дел од учењето на далечина за време на Ковид-19 пандемија и се соочија со различни предизвици и резултираше со значителни последици во однос на намалувањето на квалитетот на образованието за децата Роми, наведува Дука.

Според него во таа насока, за новата учебна 2023/2024 година, општина Дебар обезбеди училиштен материјал и чанти за учениците Роми од ООУ„Саид Најдени“ и ООУ„Пенестија“, кои беа опфатени со оваа активност.

Општина Дебар имплементацијата на активноста „Целосно образование за деца Роми од второ до четврто одделение“, ја почна во септември, во чии рамки градоначалникот Дука ги посети двете основни училишта во градот и додели училишни ранци и прибор на 34 ученици Роми. вт/ир

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан