• среда, 25 декември 2024

Во Дебар до 13 часот излезноста на изборите е 13 отсто, во Центар Жупа 9,12

Во Дебар до 13 часот излезноста на изборите е 13 отсто,  во Центар Жупа 9,12

Дебар, 24 април 2024 (МИА) – Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезност од претпладневните часови. 

- До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2566 лице или 13 отсто од вкупно запишаните 19 334 лица во единствениот избирачки список. Во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред. Очекуваме излезноста да се зголемува. Вчера, инаку, правото на глас го остварија 29 болни и изнемоштени лица, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.

Споредено со  првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019 година излезноста е помала. Тогаш до 13 часот гласале 3.259 лица или 18 отсто од вкупно запишаните 18.574 со право на глас. Во вториот круг пак до 13 часот правото на глас го оствариле 1 594 лица или 9 отсто. 

-Во нашата општина правото на глас до 13 часот го остварија 672 граѓани или 9,12 отсто од вкупно запишаните 7.383. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива тековно. Вообичаено поголема излезност очекуваме во попладневните часови. Вчера гласаа три болни и изнемоштени лица, информираше за МИА, претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз.

На минатите претседателски избори, во првиот круг, во ова општина, одзивот на гласачи бил 6 отсто или правото на глас го искористиле 429 лица, од  вкупо 6 953 запишани во единствениот избирачки список, додека во вториот круг гласале 489 лица или седум отсто. вт/лв/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан