• сабота, 27 јули 2024

Во Дебар денеска против сезонски грип имунизирани педесет лица

Во Дебар денеска против сезонски грип имунизирани педесет лица

Дебар, 25 октомври 2023 (МИА) – Во дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје-Охрид, денеска, првиот ден, од почетокот со имунизација, аплицирани се педесетина дози вакцини против сезонски грип.

- За бесплатна вакцина, до денес, пријавени се 400 лица, главно постари лица од 65 години и хронични болни. Денеска почнавме со вакцинација и аплициравме педесет дози. По ист број дози планираме и во наредните денови. Од комерцијалните вакцини имаме 30 дози, кои чинат по 700 денари. Но, ако има поголем интерес и од бесплатните и од комерцијалните вакцини ќе набавиме дополнителни дози, изјави за МИА, епидемиологот Ментор Мела.

Според него имунизацијата се реализира без проблеми а граѓаните доаѓаат според терминот добиен по СМС-порака.

- Редовно се вакцинирам со години наназад и задоволна сум од ефектот на вакцината. Имам добро искуство, бидејќи, не сум се разболела од грип не паметам од кога. Медицинско лице сум во пензија и им препорачувам на сите да се имунизираат, рече Марија Војника, по примената доза вакцина.

Мела ни рече дека годишно во просек се имунизираат по 500 лица од општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива оваа единица. вт/ир

Фото: МИА

Остани поврзан