• недела, 01 септември 2024

Во Дебар двајца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 67 лица

Во Дебар двајца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 67 лица
Дебар, 15 август 2020 (МИА) - Во последното деноноќие во Дебар се регистрирани два нови случаи со Ковид-19, со што во последните осум има 15 нови случаи. Со новодијагностицираните вкупната бројка сега изнесува 226 заразени, од нив битката со опасниот вирус ја добиле 151, додека активни на болеста се 67, а останатите осум починаа. - Поголемиот број од активните болни со Ковид-19 се со полесна форма и се лекуваат во домашни услови, дел се лекуваат амбулантски во нашата болница, додека седум се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „Осми септември“ во Скопје. Еден пациент имавме и во болницата во Козле, но тој е испуштен како излекуван вчера кога имавме и рекордни 60 оздравени, велат од Општата болница во Дебар. И од болницата и од Општинскиот оперативен штаб апелираат до граѓаните и до деловните субјкети на строго почитување на препораките за заштита Сепак голем е бројот на оние кои тоа не го прават, а деновиве зачестија и веселбите кои се прават во домашни услови. Поради непочитувцање на мерката за носење заштитна маска, се поголем е бројот на оние на кои им се издаваат прекршочни платни налози. Според полициската статистика, само во последните четири дена изадени се над 90 вакви налози. вт/сп/

Остани поврзан