• среда, 25 декември 2024

Во Дебар воведена рестрикција во водоснабдувањето

Во Дебар воведена рестрикција во водоснабдувањето
Дебар, 24 јуни 2021 (МИА) - Во Дебар е воведена три и полчасовна рестрикција во снабдувањето со вода за пиење, што, како што велат надлежните, е резултат на злоупотребата на водата. -Рестрикција се воведува во двете најголеми населби „Венец еден“ и „Венец два“ и тоа во период од 13:00 до 16:00 часот. Во овој период вода ќе се обезбеди за другите делови на градот, каде што поради нискиот притисок, поради злоупотребата, вода немаат со часови, изјави за МИА, Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“. Додава дека во главниот резервоар во градот пристигнуваат 120 литри вода во секунда, што е доволно за задоволување на потребите на околу 25.000 жители а во градот не живеат ни половина од таа бројка. -Водата се злопупотребува за наводнување зелени површини, градини, миење на дворов па дури и тротоари и улици пред секоја куќа. Но, не само што се злоупотребува водата која е најдобра по својот квалитет во Македонија и пошироко, домаќинствата, но и правните субјекти, во значителен процент и не ги подмируваат сметките за потрошена вода и подигнат смет, за што имаме побарувања од над 1,2 милиони евра, посочува Каба. Тој апелира до сите водата рационално да се користи, со цел да не се повторат претходните години кога рестрцкцијата траеше и повеќе од десет часа и редовно да се плаќаат сметките кон ова претпријатие, кое токму поради тоа се соочува со низа проблеми. Дебар со вода за пиење се снабдува од изворите во малореканското село Росоки, преку водоводот Росоки-Дебар, но и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот а од кракот што се издвојува кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа. вт/сст/  

Остани поврзан