• среда, 18 декември 2024

Во Дебарско досега најголем интерес за имунизација против сезонски грип

Во Дебарско досега најголем интерес за имунизација против сезонски грип

Дебар, 29 ноември 2024 (МИА) - Многу поголем интерес за имунизација против сезонски грип, споредено со изминатите години, покажале жителите од поширокиот дебарски регион, главно лица на над 65-годишна возраст и хронично болни.

-Како никогаш до сега нашите сограѓани покажуваат интерес за имунизација против сезонски грип, која продолжува непречено. До денес аплицирани се 640 дози, што е за 70 повеќе споредено со минатата есен. Главно станува збор за лица над 65 годишна возраст и хронично болни. Од комерцијалните вакцини аплицирани се 7, изјави за МИА, Виолета Шеху, специјалист микробиолог, од Работната единица за јавно здравје во Дебар.

Додава дека денеска десет граѓани биле имунизрани. Апелира граѓаните да се вакцинираат против сезонскиот грип, бидејќи тоа е, како што рече, најефикасната мерка за заштита.

-Против сезонски грип се ванцинирам десетина години по ред, и многу полесно го минувам зимскиот период. Се имунизиравме заедно со сопругата. Ги советувам сите да се вакцинираат, вели 62-годишниот Вељо, кој со сопругата се подготвуваат за заминат кај синовите во Италија.

Во оваа единица, инаку, освен граѓани од општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива таа, против сезонски грип се имунизираат и жителите од подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше, како и граѓани жители на други градови кои во овој период се во нивните родни места, посебно од селата на Мала Река, Лазарополе, Гари, Тресонче...а кои во апликацијата го навеле Дебар како пункт за вакцинација. вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан